Македонија ја наполни мрежата на Бугарија 5-1 (ВИДЕО)

Македонската репрезентација до 21 година ја преслуша Бугарија со 5-1 на пријателскиот меч во рамките на меѓународниот турнир „Анталија Куп 2021″.

Нашиот национален тим доминираше и до врв ја наполни мрежата на нашиот источен сосед за перфектен крај на турнирот во Турција на кој селекторот Благоја Милевски можеше убаво да види со што ќе може да располога во следниот квалификациски циклус.

Во продолжение погледнете го гол-шоуто на нашите надежи.