Македонија воопшто ја нема на ранг-листата на земји за добро справување со кризата, без стратегија за тестирање и план за вакцинирање

Наспроти тврдењата на вицепремиерот Никола Димитров дека поради квалитетно и навремено манаџирање со кризата не сме добиле пари од ЕУ, реномираните „Lowy“ Институт и платформата на Оксфорд со своите податоци го демантираат ставот на Владата па Македонија не само што не е на ранг-листата на земјите кои добро се справија со пандемијата, туку нема никакви податоци за стратегијата за тестирање, ниту постоечка стратегија или пан за вакцинирање.

„Поради квалитетното и навремено менаџирање на државните финансии во здравствениот сектор, како и поради брзата и ефикасна организација на државните институции, не сме добиле пари од солидарниот фонд”, ќе рече Димитров преку соопштение од СЕП.

Во справување со кризата од здравствен аспект Македонија не е на ранг листата од 100 земји од реномираниот „Lowy Institute“ на која има и земји од регионот кои се прилични со солидни оценки, меѓу кои и Бугарија, Србија, Словенија, Хрватска кои имаат средна оценка за добро справување со пандемијата.

На листата има и земји и режими во афричките земји како Оман, Намибија, Нигерија, Зимбабве, Сенегал и останати, но Македонија за жал наспроти тврдењата дека сме биле „добри во справување со пандемијата од здравствен аспект“ ја нема на таа листа.

Дополнително на оваа ранг листа којашто беше пренесена насекаде низ светските медиуми за тоа како поголемите европски држави се справуваат со пандемијата, платформата за податоци за светската пандемија направена од Оксфорд универзитетот, во делот на политики за тестирање за Македонија нема никаков податок.

Македонија според овие податоци е земја, без политика за тестирање, без спроведено тестирање на секој оној којшто пројавил симптоми и без отворено јавно тестирање, Македонија нема никаква бројка на хоспитализирани лица, ниту пак бројка на вакцининирани лица според платформата и податоците. Македонија за жал нема ни податоци за ефектот од спроведените мерки од страна на властите.

На сиот скап пиар на Филипче, Македонија нема податоци ниту за спроведените јавни кампањи за заштита на граѓаните од коронавирусот, а нема ниту податоци за стратегијата за вакцинирање.

По се ова навистина не е доволно да се измислуваат владини соопштенија со неосновани тези дека нашата земја се справувала добро со пандемијата од здравствен аспект, кога податоците или недостатокот од податоци, говорат дека Македонија ја нема на ниедна листа, а и реакциите од јавноста, како и високата смртност на милион жители доволно зборуваат за тоа дека, не, Македонија не се справува добро со пандемијата, а одговорот зошто ЕУ не ни даде помош од солидарниот фонд вицепремиерот за европски прашања Димитров треба сам на себе да си ја побара таа одговорност.