5.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Македонија ја пречекува Ерменија, дебитира селекторот Милевски

Со нов селектор, поинаков тим од ЕУРО, неколку дебитанти, Македонија вечерва ја пречекува Ерменија на арената „Тодор Проески“ во Скопје, почетокот е од 20-45 часот.

„Оптимист сум, иако немавме доволно време да ги пренесеме сите наши замисли и идеи. Но, верувам во фудбалерите и во нивниот професионализам. Тие се добри карактери и се адаптираат на сите нови замисли. Периодот е специфичен, многу од фудбалерите сè уште го немаат правиот натпреварувачки ритам, или имаат мала минутажа во своите клубови, тоа може да биде наш проблем, но затоа се освежувањата во тимот. Знам дека ќе го дадат својот максимум и ќе потврдат дека со право се тука“, изјави селекторот Благоја Милевски спроти натпреварот против Ерменија.

На дебито на селекторот Милевски, УЕФА го одреди португалскиот судија Артур Диаз како главен, а на него ќе му помагаат Руи Таварес и Пабло Соарес.

Во Скопје на Арената „Тодор Проески“ ќе има ВАР технологија, а во собата ќе бидат Жоао Пињеро и Луис Кампос, двајцата од Португалија.

 Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија ќе можете да го гледате на Спортклуб 2 од 20,45 часот.