15.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Арсовски: Зошто СДСМ крие неколку стотици илјади евра за реклами на социјални мрежи и од каде им се?

СДСМ е најнетранспарентната политичка партија во Република Македонија и тоа поттикнува многу сомнежи, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на деншната прес-конфернција.

„СДСМ овие избори ги изведе на најнедемократски начин, вршејќи најголем изборен грабеж и поткуп на терен. Во извештајот поднесен до ДЗР за потрошени средства во кампањата од страна на коалицијата „Можеме“, СДСМ ги крие трошоците и сумите кои ги потрошиле за одредени ставки и спецификации.

Зошто? Најверојатно сомнителни им се изворите на пари и затоа не се транспарентни да ги објават, колку суми и колкави пари потрошиле за оваа кампања“, изјави Арсовски и посочи:

„Доколку внимателно се погледне извештајот, во ниту една ставка не може да се најде извештај и сума колку пари потрошиле СДСМ и коалицијата „Можеме“ за рекламирање и рекламен простор, односно платени, спонзорирани реклами на социјалните мрежи, конкретно на Фејсбук, Инстаграм итн“.

Според него, очигледно е дека кријат свесно и свесно сакаат да ги изманипулираат граѓаните.

„Но, да потсетиме, во текот на кампањата излезе анализа од експерти низ медиумите, дека СДСМ дневно троши на социјалните мрежи за реклами околу 27.000 евра на ден, што пак во текот на кампањата достигнува цифра од над половина милион евра реклами, само за на социјалните мрежи.

Прашањето е следно, зошто овие суми не ги пријавува СДСМ и од каде им се овие суми на пари за финансирање на социјалните мрежи“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, поставувајќи неколку прашања:

„Дали можеби тоа се парите од рекетот кој го изрекетираа Заеви и СДСМ во милионски суми, за кој што се уште не одговараа?

Дали нетранспарентноста на СДСМ ја потврдува тезата дека СДСМ оваа кампања ја финансирала т.н. „црни пари”?“.

Прашање: Изминатите денови се одржа една средба меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на ДУИ дали се најавува нова средба, дали во меѓувреме се разговара конкретно со ДУИ или пак со некоја од другите партии од албанскиот блок?

Одговор: Да, бидејќи е малку посериозен процес преговарање на парламентарно мнозинство не би навлегвал во детали за да не им наштетам на процесите. Од она што можеше да се забалежи имаше една средба меѓу претседателот Мицкоски и претседателот ДУИ, Ахмети која се одржа во Собранието траеше околу еден час, се разговараше за повеќе теми и не би сакал да навлагам во детали да не наштетиме на процесите. Доколку и ккао ќе се развива ситуацијата натаму ќе бидете благовремено известени од наша страна исто како што бевте транстарентно и минатиот пат. Инаку во однос на комуницирањесо партиите ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период на пријателски начин тоа го прави со сите политички партии во Република Македонија.

Прашање: Вчера попладне имало средба меѓу секретарот на СДСМ и Груби од ДУИ. Тие договориле, наводно, стабилна коалиција за наредните четири години. Дали ова ви ги поткопува вас плановите за евентуална коалиција со ДУИ?

Одговор: Па да, мислам дека таа начелна, договорена лага траеше неколку часа, бидејќи веднаш потоа СДСМ сами се демантираа дека договориле Влада со Демократската Унија за Интеграција. Па затоа, еве уште еднаш би искористил прилика и јавно да повикам, и воедно да апелирам и до вас медиумите да ги прашате СДСМ, бидејќи три дена веќе велат дека имаат мнозинство, па сами се демантираат, да излезат јавно и да кажат кои се политичките партии со кои што коалицираат, кое е парламентарното мнозинство составено и да бидат транспарентни пред граѓаните. Во моментов стана пишманска партија, така наречена СДСМ пишманска. Како што гледаме коалициите им траат по неколку часа откако ќе ги обзнанат. Така да, еве апелирам уште еднаш да ги објават партиите и пратениците кои што ќе партиципираат во новото парламентарно мнозинство. Во спротивно, сето ова можеме да го наречеме еден вид манипулирање од страна на СДСМ кон граѓаните, бидејќи, како што реков, се крајно нетранспарентни.

Прашање: Со која партија сте најблиски во ставовите за формирање на коалиција? И дали ќе го истакнете тоа мнозинство пред датумот што е рок во петок?

Одговор: Како што реков, комуникација имаме со политичките партии, и не би навлегувал во детали да не ги нарушам процесите. Но, од она што може да се забележи од претходно што го говорел и претседателот Мицкоски, но и што се постулатите на ВМРО-ДПМНЕ, програмските, економските определби треба да се идентификуваат. Но не би навлагал во детали за да не наштетам на процесите. Во моментот кога ќе има конкретни информации ќе бидете благовремено известени.

Прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се фокусира кон коалицијата Алијанса за Албанците и останатите за да се создаде мнозинство во Парламентот?

Одговор: Како што реков, коалициите на СДСМ им траат само неколку часа додека тие самите не се демантираат. А, во однос на тоа повторно повикувам да кажат со кои политички партии имаат парламентарно мнозинство. Во однос на комуникацијата на ВМРО-ДПМНЕ со останатите партии, морам да забележам дека пријателски односи и комуникација имаме буквално со сите партии, но доколку има некои детали ќе излезе официјална информација.

Прашање: За вчерашната средба Мицкоски – Ахмети, за која има информации дека заврши без приближување на ставовите, дали е така?

Одговор: Како што реков имаше средба од еден час во Собранието, излеговме со информација, не би навлегувал во детали за да не ги нарушиме процесите.

Прашање: Дали сметате дека ова е политички маневар или блеф на довчерашните партнери во Владата?

Одговор: За тоа прашање би ги упатил медиумите да го постават во прес центрите на довчерашните партнери во Владата. Од она што уште еднаш повторно, по не знам кој пат би апелирал е СДСМ да излезе да каже со кого има парламентарно мнозинство формирано и кои се дел од парламентарците кои ќе партиципираат во новото мнозинство.