Македонија бара начин како сама да си стави вето на патот кон ЕУ, смета Колев

„Северна Македонија бара начин како сама да си стави вето на патот кон ЕУ. Нема да ме чуди многу брзо РСМ да добие жолт картон од Европската комисија“, изјави Петар Колев, претседател на „Граѓанско демократска унија“ во Македонија.

Според неговите зборови, Македонија има лицемерна политика – „од една страна ги осудува ваквите настани, од друга страна на овој настан во Благоевград пристигнува секретарот на претседателот Стево Пендаровски“.

„Ако мислат дека со вакви двојни игри од времето на Југославија ќе ја осигураат европската иднина на македонските граѓани, длабоко се лажат“, додаде тој.

Тој рече дека бугарската реакција на настаните во Благоевград заслужува високи пофалби
– „На таков начин достоен народ треба да одговори на таквите намерни провокации“.

Според Петар Колев, Македонија има домашна задача да напише пред да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.