Македонија без тројца репрезентативци отпатува за Естонија

Аријан Адеми, Егзон Бејтулаи и Кристијан Тошевски се тројцата репрезентативци кои поради повреди нема да патуваат во Талин за утрешниот меч против Естонија, во рамките од третото коло во Лигата на нации. Адеми и Бејтулаи беа стартери на мечот против Косово и поради повреди мораа да бидат заменети во второто полувреме. На крајот, Македонија славеше победа од 2:1 против Косово и се избори за место во финалето од плејофот за пласман на Европско првенство.

Додека го чекаме историскиот дуел против Грузија следниот месец во Тбилиси, Македонија продолжува со мечевите од Лигата на нации. На гостувањето кај Естонија ја имаме фаворитската улога. Досега два пати сме гостувале кај овој ривал и два пати сме победувале (4:2 и 1:0).

Естонија се наоѓа во очајна форма и има 10 победи и едно реми во последните 11 натпревари. Оваа селекција последен пат победила во март 2019 година и тоа на гости кај Гибралтар со минимални 1:0.