Македонија е 127-ма воена сила во светот

За да дојде до конечната ранг листа, „Global Firepower“ користи над 50 индивидуални фактори за да се одреди индиксот на моќта во категории како воена способност до финансиски и логистички способности и географија.

-Нашата уникатна формула дозволува нации со помалку технолошки напредни нации да се споредат со поголеми и посебни модификатори во вид на бонуси и казни, велат од „Global Firepower“ .

Според нивната ранг листа, Македонија се наоѓа на 127-мото мести, односно е рангирана како 127-ма воена сила во светот.

Република Македонија на оваа листа лани беше на 123-то место, што значи дека бележи пад од 4 места.арм

Земјоте со најголеми воени сили во светот се САД, Русија, Кина.