Македонија ќе ја замени Чешка на Светското првенство во Египет!

Поради проблеми со коранавирусот Чешка го откажа настапот на Светското првенство во Египет. Ниту чешките селектори, ниту 17 ракометари не беа во можност да заминат на летот за Каиро, па тамошната федерација не сакала да ризикува со ракометари кои не се доволно подготвени.Еден од факторите за откажување на настапот е недостатокот од тренери на клупата на Чешка за време на првенството.
Македонската ракометна репрезентација ќе биде дел од Светското првенство во Египет откако како прва резерва на настанот ќе ја замени репрезентацијата на Чешка.

Доцна попладнево пристигна официјално соопштение од Чешката федерација во кое меѓудругото пишува дека тие нема да учестуваат на првенството поради големиот број заразени ракометари. Дури 17 репрезентативци не се во можност да заминат за Египет, па федерацијата во соработка со ИХФ го откажа својот настап на Мундијалот.

Македонија според правилата на ИХФ треба да игра во групата со домаќинот Египет, Чиле и Шведска. Се очекува и потврда од ИХФ и Македонската ракометна федерација за учеството на избраниците на Данило Брестовац на мундијалот да биде официјално.