Македонија ќе бара и кинески вакцини

31

Вакцината е инструментот за спас од коронавирусот, а кај нас со имунизација започнуваме за еден месец, рече за ТВ21 министерот за здравство, Венко Филипче.

– Според најавата првите количини и од фајзеровата вакцина треба да пристигнат во месец февруари и сега поинтензивно ги разгледуваме можностите за набавка на кинеската вакцина. Зошто? Свесни сме компаниите, „Фајзер“ е прва која ги доби потребните документи од регулаторните тела да биде во продажба, сепак не може да постигне да ги испорача бараните количини во сите земјите во светот – истакна Филипче.

Иако кинеската вакцина нема добиено зелено светло од страна на ЕУ, министерот смета дека самите националните регулаторни тела и нивната позната и призната методологија на работа се сосема доволни.

– Во овој момент дефинитивно сите вакцини кои што се на пазарот се добри, проверени, развиени на безбедни платформи и нема потреба за сомнеж во ниту една вакцна, а ние остануваме отворени да ги разгледуваме буквално сите опции – истакнува министерот.

Филипче додава дека целосно сме подготвени за пример и соодветно чување на вакцините, но кој и како ќе се одвива процесот за повикување за вакцинирање?

– Повикувањето ќе се одвива преку системот „Мој термин“. Во првата група се здравствените работници кои што работат со ковид пациенти, понатаму вработените во лабораториите каде што се врши дијагностиката и најстарите граѓаните над 70 години кои се во ризична група согласно нивните хронични дијагнози – додава Филипче.

Во втората група за вакцинација спаѓаат и останатите здравствени работници, како и наставници, новинари согласно препораките од СЗО за приоритетни групи.

До започнувањето на вакцинацијата, лековите ивермектин и клексан се „спасот“ за граѓаните, но дали се достапни за секој?

– Клексанот навистина има голема побарувачка во овој период, има одредени моменти резервите се намалавуваат и во таа насока се прави прераспределба на операторите кои ги носат, ние бевме и сега сме во континуирана комуникација со добавувачите. Дуплирани се количните во декември, од 4.500 на 8.000 скантули и тоа ќе се случува и во овој и следните месеци – вели Филипче.

Моменталната епидемиолошка состојба е стабилна но треба да бидеме внимателни, дециден е Филипче. Моменталните мерки остануваат на сила, а во текот на оваа недела ќе се знае дали угостителските објекти ќе работат и по 21 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.