Македонија ќе добие вакцини за Ковид-19 кон крајот на годинава или на почетокот од следната, најави Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, најави дека се очекува вакцината за Ковид-19 во земјава да пристигне кон крајот на годинава или во почетокот на следната.

Како што кажа Филипче, нарачката е направена и штом стане достапна сите земји од Европа ќе ја добијат со подеднаков приоритет.

-Веќе аплициравме, вчера на влада се одобри нашето учество и треба да ја направиме уплатата. Првата вакцина којашто ќе стигне на пазарот ќе биде еднакво дистрибуирана помеѓу сите земји членки коишто аплицирале во „Ковакс“ механизмот. Значи, кога ќе ја добијат и најразвиените земји, тогаш вакцината ќе ја добиеме и ние – изјави Филипче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.