, а миленикот на Зоран Заев, министерот кој ги штити криминалот и корупцјата на власта, Љупчо Николовски е најодговорен за катастрофата во сите меѓународни извештаи, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Секојдневните скандали на власта за криминал на нивни блиски луѓе, секојдневните наместени тендери од државните институциите ја однесоа Македонија на дното на извештајот на Транспаренси интернешанл, поточно на 111-то место.
Токму заради невладеењето на правото и селективната правда, како и за политичките прогони на власта реномираниот Економист ја рангираше Македонија како Хибриден режим.
Криминалните тендери во здравството кои беа директно поврзани со најнеспособниот министер Венко Филипче остаанаа затворени во фиока и немаше никаква постапка од страна на ДКСК или Николовски.
Јавноста беше сведок на целосното заскривување на случаите Серхемс и Леонардо на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашкоски, каде сите слушнаа како Рашкоски бара провизии за да го намести тендерот.
Никаква разрешница не видовме ниту за злоупотреба на европските пари, за тренирање на магариња, или илјадници евра дадени на флизерски салон.
Нема никаква постапка ниту за наместените лиценци за марихуана, ниту за Ден Дончев, ниту за Рекет.
Ова се причините за коруптивната жива кал во која не доведе Зоран Заев и неговиот пулен Љупчо Николовски. Затоа, Македонија наместо да е во друштво со сите европски држави ние сме во друштво со диктатури и нефункционални држави.
Николовски треба да си даде оставка, веднаш. Одговорност мора да има.
За сите овие понижувања и деградирања, за многу скоро ќе има одговорност. На наредните предвремени парламентарни избори граѓаните ќе ги казнат овие криминалци, како Зоран Заев и Љупчо Николовски, стои во соопштението