Македонија е најромантичниот, но и најтрагичниот дел од бугарската историја (ВИДЕО)

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов одново повтори дека темата Македонија била од стратешки интерес во Бугарија.

– Бидејќи, како што велеше претседателот Петар Стојанов, ова е најромантичниот, но и најтрагичниот – би додал, дел од нашата историја. Не можеме да се согласиме со она што се случува во Република с Македонија и никакви избори не се причината – вели Каракачанов во интервју за „БНТ“.

Тој вели дека договорите се потпишуваат за да бидат исполнети. За жал, во Македонија мислеа дека потпишуваат договор, кој можеби нема да го исполнат.

– Таму и до денес, и покрај сите перипетии на времето, и покрај теророт што беше наметнат по 44-та година во Титова Југославија, сè уште има многу луѓе кои се нарекуваат Бугари. Имаме морална и историска должност кон овие луѓе – прокоментира Каракачанов.

Според него владата на Заев најмногу барала компромис.

– Но, кога правиш компромис со политичарите во Република с. Македонија, тие тоа го доживуваат не како гест на благородништво, туку како слабост и незаинтересираност – вели Каракачанов.