Македонија е светски рекордер во увоз на марихуана!

„Историска испорака“ на 2.125 килогарми (2,1 тони) марихуана увезена од Јоханесбург, главниот град на Јужноафриканската Република ја направи Македонија светски рекордер во увозот на оваа билка за медицински цели, пишува во соопштение на американско-канадската фирма „Инстадосе фарма корп“, фирмата преку која сме ја набавиле стоката, јавува Телма.

Сепак, марихуаната била наменета за Западна Европа. Пратката стигнала шест дена пред Новата Година, а основачот на фирмата Грент Сандерс е многу возбуден за пратката.

„Ова е историска испорака и претставува само почеток на потенцијалот на Инстадосе Фарма. Испорачувањето ги потврдува и нашиот бизнис модел и компанијата како светски лидер во индустријата. Мојата визија отсекогаш беше ваква и многу сум возбуден за значењето на пратката и за она што допрва следува“, истакнал тој во соопштението.

Од фирмата соопштиле и дека оваа марихуана е наменета за Западна Европа каде веќе е доставена, а е извезена во Македонија согласно дозволата издадена во ноември. Наведено е дека компанијата има соработка со лиценцирана фирма во Македонија, а дека има свои филијали и во ДР Конго, Португалија, Индија, Канада, Колумбија и Мексико.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.