Македонија е втора по стапката на смртност од Ковид-19 во регионот

82

Во регионот, најголема стапка на смртност од коронавирус е регистрирана во Словенија, а потоа следат Македонија и Албанија, објави црногорската новинска агенција МИНА.

Стапката на смртност во Словенија е 5,65 проценти, во Македонија 4,45 проценти, следат Косово со 3,19, Албанија со 3,1 и Хрватска и БиХ со 2,83%.

Стапката на морталитет во Србија е 2,28 проценти и во Црна Гора 1,77 проценти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.