Македонија го изгуби случајот во Стразбур за потонатиот брод „Илинден”

Македонија треба да му исплати 1.500 евра отштета на српскиот државјанин Бранко Бајиќ, инженер за бродоградба и овластен инспектор за пловни објекти кој се жалеше во Стразбур на пресудата во случајот со потонувањето на бродот „Илинден” во Охридското езеро, одлучи Европскиот суд за човекови права, јави порталот МКД. 

Случајот во кој тужител е Бранко Бајиќ, српски државјанин, вели МКД, се однесува на превртувањето и потонувањето на бродот „Илинден“, на брегот на Охридското Езеро, на 5 септември 2009 година, предизвикувајќи смрт на 15 бугарски туристи кои биле меѓу 54-те патници на бродот и последователната кривична постапка против жалителот, инженер за бродоградба и овластен инспектор на пловни објекти.