Македонија, Грција и Албанија разговараат за соработка за управување со басенот на реката Дрим

32

Преставници од земјите вклучени во проектот „Дримски Басен“ ја одржаа Осмата конференција, на која е направен осврт на целокупниот процес за соработка за управувањето со Дримскиот Басен и беа дискутирани чекорите што се предвидуваат за во иднина. На состанокот е потврдена заложбата на Македонија, Грција и Албанија, но и на останатите заинтересирани субјекти за заедничко одржливо управување со ресурсот и интегрирани напори за развој.

Проектот за управување со Дримскиот Басен промовира заедничко управување со споделените водни ресурси на прекуграничниот басен, вклучувајќи и развивање координативни механизми за управување со ресурсите на ниво на подбасени.

Каја Шукова, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, потенцираше дека имајќи ги предвид целите на Стратешката акциска програма и предложените мерки, Македонија силно поддржува можна нова фаза и нов проект за имплементација на Стратешката акциска проеграма за Дрим.

Герта Љубоња, генералниот директор на Албанската агенција за управување со водни ресурси посочи дека Албанија продолжува да биде посветена во работата за одржлив развој во Дримскиот Басен.

Генералниот секретар во грчкото Министерство за животна средина и енергија, Константинос Аравосис, од своја страна ја посочи важноста на координираното управување со Дримскиот Басен и го потенцираше значајниот напредок и реализираните достигнувања. Притоа, како пример ја посочи средбата на министерско ниво посветена на иницијативата за формирање заеднички тела за Преспанскиот басена.

На состанокот одржан онлајн беа презентирани и постигнатите резутати во изминатите пет години во контекст на прекуграничната соработка преку активности поддржани од Дримскиот проект, како и перспективите за зајакнување на прекуграничната соработка, со отварање нови можности за решавање на заеднички идентфикуваните проблеми за заштита на уникатните хидролошки и биодиверзитетски вредности на Дримскиот Басен. Притоа е иницирана нова фаза низ која земјите од Дримскиот Басен ќе работат на имплементација на Стратешката акциска програма за Дрим.

Предизвиците со кој денес се соочува Дримскиот Басен, како дел од интегрираниот природен систем, се врзани со претерана експлоатација и загадување кои во комбинација со климатските промени ги слабее способностите на еко-системот за негово адаптирање и регенерирање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.