Македонија и Албанија ги задоволија условите за преговори со ЕУ, порача амбасадата на САД

Северна Македонија и Албанија ги задоволија условите за почеток на преговорите, меѓувладини конференции со Европската унија што поскоро, велат во четвртокот од амбасадата на Соединетите држави во Скопје

„Северна Македонија и Албанија ги задоволија условите за почеток на преговорите, двете земји работат напорно за имплементација на потребните реформи и затоа заслужуваат да одржат меѓувладини конференции со ЕУ што поскоро“, велат за МИА од Амбасадата на САД во Скопје.

Одговорот дојде по барање за реакција од САД на отворањетоа на клубот „Ванчо Михајлов”, осведочен негатор на македонската нација и соработник на нацистичка Германија.

Во врска со ова, САД повикаа на брзо решавање на билатералниот спор меѓу двете земји.

„Продолжуваме со повикот до Бугарија и Северна Македонија да го решат овој билатерален спор“, се вели во одговорот од Амбасадата.

На прашањето што прави официјален Вашингтон за да се убеди Софија да ја подигне блокадата за интеграција на земјава во ЕУ, од Амбасадата рекоа дека Северна Македонија и Албанија ги задоволуваат условите за почеток на преговорите. И од Стејт департментот вчера укажаа дека САД даваат силна поддршка за влез на С. Македонија во ЕУ.