Македонија на дното на Балканот, поразителни показатели за БДП, инфлацијата, невработеноста…

Во првиот квартал годинава Македонија бележи пад од 1,9 отсто на бруто домашниот производ, додека соседоте како Србија има раст од 1,7 отсто, Албанија има 5,5 отсто раст, Косово кое сè уште не е оформена држава има 5,6 проценти раст на БДП, изјави во понеделникот пратеникот Љупчо Пренџов во текот на дебатата за ребалабансот на Буџетот.

„Колеги од мнозинството, Владата којашто ја поддржувате е најслаба по БДП во регионот. Инфлацијата во Република Македонија била 1,4% во прв квартал, во Албанија била 1,2%, во Косово била 1,2 и 0,0 била во Црна Гора што нè прави најлоша држава во регионот, истакна Пренџов.

Тој ја објави статистиката и за индустриско производство. Македонија во првиот квартал имала пад од 5,1%.

-Црна Гора имала раст од 11,8%, Србија имала раст од 3,8%, Бугарија имала раст од 6,4% и Грција раст од 3,4%. Значи, и по индустриско производство сме последни на Балканот, истакна Пренџов.

Пратеникот презентираше поразителни податоци за Македонија и на тема невработеност.

-Македонија има 16% на невработеност, ама Србија има 9,9%, Албанија има 11,9%, Бугарија има 6,3%, што покажува дека и по невработеност сме најлоши во регионот, порача Пренџов.

Целиот говор на пратеникот погледнете го во продолжение

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.