Македонија на работ од економскиот амбис

Македонија, како и другите земји во светот ќе биде страшни погодена од последиците од пандемијата на коронавирусот и нејзината економија годинава бездруго ќе потоне во рецесија, како што предвидуваат и домашните и странските економски аналитичари, што ќе биде придружено со страшен пад на бруто домашниот производ (БДП). Но тоа воопшто не ја тревожи владата на СДСМ во такви услови со своите постапки да ја турка државата кон работ и да ја испумпува државната каса во полза на партиското раководство.

Во периодот на големите неизвесности предизвикани од пандемијата, општите прогнози се дека македонската економија, дури и под услова пандемијата набрзо да почне да стивнува, се разбира и во опкружувањето и на глобално ниво а што ќе значи укинување на низа рестриктивни мерки, ќе забележи годинава негативен раст. За среќа, како и во 2008-година, поради главно изолираност од светските економски текови, Македонија не би требало компаративно со другите земји од регионот да претрпи срезмерно голема штета, со негативен раст на БДП-то од околу 4 отсто. Но бидејќи е и сразмерно помала и послаба, несомнено ќе има погубни резултати врз традиционмало кревката домашна економија, што во продолжителен период ќе се одрази и врз некои стратешки стопански гранки, во прв ред туризмот и угостителството.

Како што посочуват неодамна презентираните показатели од министерството за финансии, се чини дека Владата предводена на САД, во манир на најзатворените авторитарни режими, оваа криза ја користи да ги испумпа парите од Буџетот, под изговор дека наодно вложува во мерките за помоша на стопанството. А токму од таму доаѓаат и најжестоките критики дека тие чекори се провизорни, неосмислени и повеќе служат како алиби.

Така во неодамна презентираното истражување направено од Сојузот на стопански комори најголем дел од претпријатијата, односно 86 отсто, сметаат дека економските мерки кои ги донесе Владата не се во согласност со потребите на стопанството и нема да ја исполнат целта да се преброди тешката состојба, додека само 14 проценти од компаниите сметаат дека мерките се во согласност со нивните потреби.

Показателите како што се презенитрани во извештајот на министерството за финанси, и кои на прес-конференција вчера  ги коментираше челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, навестуваат дека по завршувањето на здравствената криза со епидемијата од коронавирусот, земјата и граѓаните ги очекува сериозна економска криза. А според процените на некои економски аналитичари, севкупно со досега недоволните и слабите преземени мерки на Владата за помагање на стопанството, се стравува од колапс на македонската економија. Поради тоа, изостануваат и директните одговори на обвинувањата од опозицијата од страна на Владата, Министерството за финансии и СДМС кои вообичаено ја бомбардираат јавноста со соопштенија со општи флоскули за наводна помош на претпријатијата и граѓаните.

Но затоа истовремено со пресот на Мицкоски јавноста беше известена дека државата ќе позајми уште 15 милиони евра, а за таа сума од џебот на граѓаните треба да бидат вратени неверојатни 33 милиони евра. Имено, како што е објавено на официјалната страница на НБРМ, во вторникот се одржа аукција на државни обврзници. Понудата во денари е 940.620.000 или во евра над 15 милиони, датум за доспевање е 30.04.2050-та, односно по 30 години, а купонската каматна стапка, како што е наведено изнесува 4 отсто.

Тоа значи дека годишната камата ќе изнесува 600.000 евра и ќе треба да се исплаќа цели 30 години, со што Македонија ќе исплати вкупна камата од 18 милиони евра. Односно за заем од само 15 милиони евра, македонските граѓани ќе треба да вратат 33 милиони евра, односно 15 милиони евра главница и 18 милиони евра камата. Овој долг се надоврзува на оној сторен во првите три месеца од годината со кое секое семејство во земјата е задолжено со по доплнителни 15.000 денари.

Впечатокот на опозицијата и на повеќето економски експерти во земјата е дека станува збор за смислено ограбување на македонската економија во првиот годинешен квартал, чија цел е да се покријат изборите кои требаше да се одржат на 12-ти април, кога и се потрошени 43 отсто буџетскиот дефицит планиран за целата година. Станува збор за сума, според овие пресметки, од 120 милиони евра, потрошени повеќе отколку што биле собрабни во државната каса. Имено показателите на Министерството за финансу покажуваат дека во јануари, февруари и март годинава речиси половина од буџетскиот дефицит планиран за цела фискална 2020 година.

Споредбата со претходните години укажува на тенденциите на владата на СДСМ за манипулирање со државната каса во сопствени цели, во услови кога се очекуваат парламентарните избори, а досегашените анкети укажуваате дека партијата на Зоран Заев нема да опстои на власт.

Така, во првите три месеца од 2017-та потрошени се 19 отсто од тогаш планираниот буџетски дефицит и реализирани се околу 21 отсто од тогаш планираните капитални инвестиции, а за истиот тој период пак во 2018 година потрошени се околу 17 отсто од планираниот буџетски дефицит и реализирани се нешто помалку од 10 отсто од планираните капитални инвестиции. Минатата 2019 година, којашто исто така беше изборна година, односно беа одржани претседателски избори, во истиот период во првите три месеца потрошени се малку над 18 отсто од планираниот буџетски дефицит и реализирани се околу 7 отсто од планираните капитални инвестиции. За во 2020 година, Владата на СДСМ троши околу 43 отсто од буџетскиот дефицит, а притоа реализирала само околу 8,5 проценти од планираните капитални инвестиции.

Попрецизно, во првите три месеца годинава, Влада потрошила 120 милиони евра повеќе отколку што за тој период собрале во Буџетот. Имено, доколку се направи анализа на трите претходни години, се забележува дека буџетскиот дефицит во првите три месеци се движи меѓу 50 и 57 ипол милиони евра. Или, годинава тој е зголемен за два ипол пати

Ваквите показатели за опозицијата недвосмислено укажуваат дека е извршен смислен грабеж на Буџетот, од стана на СДСМ предводена од Зоран Заев, кој своевремено под притисок на јавноста и законите се повлече од идејата да го раководи и Министерството за финансии па си инсталираше свој инструмент во ликот на ткн министерка Нина Ангеловска. Во политиката, тоа се разбира има некаков партиски резон, кога цел е цел обид за поткуп и постигнување подобар изборен резултат на предвремените парламентарни избори коишто требаше да се содржат на 12-ти април,.

Попоразителен е фактот што само во март годинава, значи во екот од епидемијата од коронавирусот во земјата и веќе појавените предупредувања во светот за претстојна голема економска криза, Владата на СДСМ потрошила 50 милиони евра повеќе од тоа што било собрано како приходна страна во Буџетот. Доколку тоа се спореди со март претходната 2019-та кога биле потрошиени 7 милиони евра повеќе од акумилираното, тоа е дури седум пати повеќе. Во споредба, пак, со 2018-та во март Буџетот имал суфицит од 2,65 милиони евра, односно биле собрани повеќе средства од потрошените, а во 2017-та, исто така, во март, вишокот во Буџетот изнесувал два милиона евра.

Убедувањата од страна на Владата и СДСМ дека овие пари оделе кај граѓаните или во стопанството укажува на синдромот на потемковштина кај владејачката партија. Го убедуваат народот да го види она што само тие го гледаат. Притоа не се сеќаваат на „железните опинци“ што ќе ги облечеше Заев за на докторите, кои се сега првите на удар во текот на повеќемесечната здравствена криза, да им даде по 100.000 денари плата, а оти просечната плата во земјата ќе изнесувала 500 евра. Притоа пензиите само делумно ги зголеми и несразмерно со растот на трошоците за живеење, зголемувањето на платите во администрацијата и обреазованието претставуваше шминка, односно не е толкаво колкаво што требаше да биде и едноставно изнудено во услови на подготовки за избори. Затоа се поставува прашањето каде навистина отидоа толку многу пари? Затоа што нив не ги гледаат ниту граѓаните, ниту стопанството.

Како илустрација, само, во овој момент на епидемија на коронавирусот маски и заштитна опрема земјата добива како донација, Владата води кампања со која ги повикува и онака и осиромашените граѓани со свои донации да финансираат нешто што таа ќе си го припишува како своја активност. Засега десетина илјади луѓе останаа без работа, а досега преземените економски мерки не донесоа помош на најзагрозените. Не е забележан ниту еден капитален проект, земјоделците треба да го изнудуваат субвенциите, а кои ниту се зголемени како што ветуваше СДСМ.

А доколку прородлжат ваквите политики на СДСМ, дупката во државната каста се претпоставува дека до крајот на годината ќе изнесува над 1,3 милијарди евра. Средства кои ќе треба да се позајмуваат а нема да бидат потрошени на развој, ниту на заживување на економијата.