Македонија на врвот на регионалната листа по број на починати

Мерките за заштита од ширење на корона вирусот на власта и министерот за здравство Венко Филипче и понатаму се без резултат. Тоа го покажува најновата статистика споредбено со соседните земји по бројот на заразени и починати на милион жители.

Имено, Македонија и понатаму е рекорден по број на заразени на милион жители со 29.541 од почетокот на пандемијата, веднаш потоа е Бугарија со 20.464 заразени, Србија со 19.399 ново заразени на милион жители.

Ова покажува дека состојбата со Македонија по бројот на заразени на милион жители споредбено со источниот и северниот сосед е алармантна, бидејќи Македонија со едвај два милиони жители додека Бугарија и Србија со по 7 милиони жители население, има над 10.000 повеќе заразени на милион жители.

Веднаш по тоа е Албанија со 13.080 ново заразени по број на милион жители, а како последна е Грција со само 10.020 заразени на милион жители и покрај тоа што Грција е пет и пол пати поголема во однос на население има дури два пати помалку заразени на милион жители споредбено со Македонија.

Дека пандемијата не стивнува, туку галопирачки се шири, а власта нема решение, покажуваат и бројките на смртни случаи по број на милион жители каде што Македонија и овде предничи пред соседните земји, со дури 831 починат на еден милион жители,а како втора земја се впишува Бугарија со 541 починат. Со само четири починати повеќе од Грција, Албанија се запишува како трета земја по број на починати на милион жители со 227, додека Грција има 223 починати на милион жители од почетокот на пандемијата.

Како последна земја по број на починати на милион жители е Република Србија со 178 и покрај тоа што последните денови како што изјави и претседателот на Србија Александар Вучиќ, а пренесуваат српските медиуми земјата е силно погодена од КОВИД 19 и е блиску до катастрофа.

Како земја со најмногу тестирања по број на милион жители е Грција со 227.493, втора земја е Србија со 201.827 тестирања, а како трета земја е Македонија со 158.930 тестирања на милион жители или близу 70.000 тестирања помалку од Грција. Како четврта земја по број на тестирања се вбројува Бугарија со 139.239 и само 64.000 тестирања на милион жители во Албанија.

Податоците дека Македонија е на врвот по број на починати на милион жители и со земјите од регионот е доволен показател дека короната урива рекорди и дека ситуацијата е надвор од контрола.

Имено, Македонија со 831 починат на милион жители предничи пред Босна и Херцеговина која има 801 починат, Црна Гора 775 починат, Словенија 666 починат и Хрватска 418 починат на милион жители. Во однос на бројот на заразени на милион жители, Македонија е четврта земја споредбено со Црна Гора која има 55.534, Словенија 36.257, Хрватска 30.921 и Босна и Херцеговина со 26.701 заразен на милион жители.

Бројките јасно покажуваат власта и министерот Филипче неуспешно се справува со корона вирусот, како и дека мерките кои што се носат не ги даваат посакуваните ефект во однос на смирување на состојбата со ширење на КОВИД 19 која од ден на ден се повеќе се влошува.

Се чини, дека кризната состојба која што ја прогласи владата на територија на Македонија е само уште една алатка за замајување на јавноста и не го дава очекуваниот ефект од безбедносен и здравствен аспект како што првично беше најавувано, а за тоа најдобар показател се секојдневните бројки на ново заразени и починати кои рапидно растат, наместо да се намалуваат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.