Македонија не е веќе „хибриден режим“, сега е „демократија со недостатоци“

Македонија по долги години излезе од категоријата на хибридни режими според Индексот на демократија на „Економист“. За 2021 година Македонија е оценета како „демократија со недостатоци“.

Како една од причините за подобрувањето во Извештајот на Индексот на демократија се споменува и оставката на Зоран Заев.

Во 2020 година Македонија беше 78-то место и во групата на ткн. хибриден режим. Во 2021 Македонија има скок од пет места и сега е на 73-то место.

Имаше 13 промени во категоријата режим, девет негативни и четири позитивни. Две земји, Чиле и Шпанија, беа деградирани од „целосни демократии“ на „демократии со недостатоци“. Три земји го подобрија својот статус од „хибридни режими“ во „демократии со недостатоци“, сите три се во источна Европа:
Молдавија, Црна Гора и Северна Македонија, стои во Извештајот на „Економист“.

Во Извештајот, Македонија е сместена под насловот „Добри вести од Источна Европа“, каде се вели дека со оглед на тоа што беше еден од регионите со најлошите резултати од кога Индексот за демократија, Источна
Европа сега ги надмина сите други региони во 2021 година, избегнувајќи пад на нејзиниот регионален просечен резултат, а трите земји имаат и подобрување на категоријата.

Кај Северна Македонија, која исто така премина во категоријата на „демократии со недостатоци“, е забележано скромно подобрување во функционирањето на владата. Во октомври 2021 година, земјата одржа конкурентни општински избори. Како одговор на поразот на неговата партија на изборите, премиерот и лидерот
од владејачката партија Зоран Заев порача дека ќе ја преземе одговорноста и ќе се повлече од двете негови позиции.

Довербата во политичките партии, која и понатаму е неверојатно ниска, маргинално се подобри во 2021 година споредено со 2020 година, според Балканскиот барометар, стои во Извештајот.

Оваа година Извештајот е насловен „The China challenge“ и се фокусира на тоа колку Кина може да биде предизвик за демократијата во Светот. Според Извештајот, брзиот економски раст на Кина ги направил кинеските лидери посамоуверени за наметнување на нивна супериорност на нивниот систем во однос на оној на Западот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.