Македонија носител во претквалификациите за Светското првенство во 2023 година

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација утре ќе ги дознае ривалите за претквалификациите за Светското првенство во 2023 година, ждрепка во која националниот тим ќе влезе како носител заедно со Црна Гора, Летонија и Шведска.

Kако можни ривали ни се Романија, Данска, Австрија и Швајцарија од вториот и Белорусија, Исланд, Португалија и Словачка од третиот шешир.

Пласман во следната фаза обезбедуваат првопласираните две селекции од секоја од четирите групи.

Вториот круг од претквалификациите ќе се игра во периодот од 11. до 28.август.