Македонија од EK ќе добие 53 милиони евра за реновирање хидроцентрали и ветерен парк

Македонија ќе добие од Европската комисија 53 015 968 евра кои се за реализација на  три нови проекти, објави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот профил на Фејсбук.

Парите се за три нови проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан.

„Во овој план предвидени се реновирање на шест хидроцентрали, изградба на ветерен парк во Богданци, како и изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, Југо-западен и Југо-источен регион, во соработка со Европската банка за обнова и развој.

Европските фондови и странската донаторска помош е од огромно значење на енергетската независност и за заштита на животната средина, две области кои носат сериозно подобрување на квалитетот на живот за македонските граѓани“, напиша Маричиќ на Фејсбук.