Македонија организатор на женско младинско Светско првенство во 2024 година

На денешниот состанок на извршниот комитет на ИХФ кој што се одржa во Каиро, Египет, членовите ја потврдија апликацијата за кандидатурата на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) за организатор на женското младинско Светско првенство (до 20 години) во 2024 година.

На претстојното Светското првенство во 2024 кое ќе се одржува во три градови, односно во Скопје, Охрид и Струмица, учество ќе земат 32 земји учеснички.

Оваа организација претставува 6-та организација на нашата земја на еден светски мундијалски собир во млади категории во машка и женска конкуренција.

Во изминатите години, Ракометната федерација на Македонија беше организатор на Светски првенства во млади категории во 2019-та, 2014-та, 2008-ма, 2007-ма и 2003-та година.