Македонија остана без бодови: Ракометарите поразени од Холандија

Македонската репрезентација беше поразена со 10 голови разлика од ракометарите на Холандија во вечерашниот натпревар на Светското првенство 2023, кое се одржува во Полска и Шведска.

На полувреме заминавме со 7 голови негатива и резултат од 18:11 во корист на “Лалињата“.

По 60 минути игра, резултатот беше 24:34.

За Македонија по четири погодоци постигнаа Филип Кузмановски и Жарко Пешевски.

 

Во првото коло, нашата репрезентација беше убедливо поразена од Норвешка.

Голем број на македонски навивачи ги бодреа момците од трибини вечерва.

Следниот натпревар на македонската ракометна репрезентација е против селекцијата на Аргентина, во вторник од 18 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.