Македонија победнички за крај на квалификациите и пласман на ЕП

Македонската ракометна репрезентација со победа ги затвори квалификациите за пласман на ЕП 2022 година.

Македонија на домашен терен ја совладаа Швајцарија со 29-28. Оваа е најдобриот пласман во едни квалификации на нашата репрезентација во историјата, откако националниот тим запишаа пет победи и само еден пораз за второ место во групата.

Никола Митревски запиша 16 интервенции и беше број еден човек на натпреварот додека по шест гола запишаа Лазаров и Кузмановски, четири реализираше Георгиевски. Кај Швајцарците, Рубин даде девет гола, пред Шмид со осум.

Ждрепката ЕП 2022 ќе биде в четврток, со почеток од 18:00 часо

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.