Македонија поразена на првиот меч со Србија

Македонските ракометари имаа лош ден на првиот контролен меч со Србија. Македонската ракометна Б-репрезентација е поразена на првата контрола со северниот сосед со 29-26 (18-15). Втората средба се игра веќе утре, исто во Ниш, но со почеток во 16 часот.

Избраниците на Кирил Лазаров одиграа подобро второто полувреме, а грешките од првиот дел и лошиот старт на крајот беа пресудни за поразот.

Србија која исто играше со Б-тим, поведе со 4-0, првиот гол го Македонија го постигна во шестата минута преку Аларов (4-1). Највисоката негатива, нашата репрезентација ја имаше во 12. минута, беше 8-2. И покрај ова нашите ракометари влегоа во добра серија на двапати беа на минус два (11-9 и 15-13). На одморот беше 18-15.

Во вториот дел Македонија имаше многу подобри моменти, но Србија благодарение на доминацијата во првите 30. минути, лесно ја одржуваше предноста која изнесуваше пет гола (25-20, 28-23). На крајот мечот заврши со три гола негатива (29-26).