Македонија повторно нема да учествува на Евровизија

На Изборот за песна на Евровизија 2024 година во Малме, Шведска нема да учествува македонска делегација, што е втора година без наш претставник на ова музичко натпреварување.

На најголемиот светски музички настан во живо, што ќе се одржи во Малме, во мај следната година, учеството го потврдија јавните радиодифузери од 37 земји.

-Со длабока тага потврдуваме дека Македонија ќе отсуствува од Изборот за песна на Евровизија втора година по ред. Со среќа на сите 37 земји кои се натпреваруваат и со нетрпение го очекуваме големото шоу во Малме, објави македонскиот Фан сајт за изборот на песна на Евровизија на платформата Х.

Од земјите од регионот, учество потврдиле Албанија, Хрватска, Грција, Србија и Словенија.

(МИА)