Македонија против Португалија во квалификациската група за ЕП 2024

Најдобрата македонска репрезентација денеска со жрепка ги дозна ривалите во квалификациите за пласман на следното Европско првенство кое ќе се одржи во Германија во 2024 година.

Жрепката одлучи нашата сениорска селекција да игра во квалификациската група „1“ заедно со селекциите на Португалија, Турција и Луксембург.

Квалификациските мечеви ќе се играат во периодот од октомври 2022 до април 2023 година. На ЕП ќе се пласираат првопласираните две репрезентации од секоја квалификациска група, како и четири најдобро третопласирани репрезентации.

Покрај Германија како домаќин, директно квалификувани на континенталниот собир се медалистите од последното ЕП 2022, а тие се Шведска (злато), Шпанија (сребро) и Данска (бронза).

Квалификации за ЕП 2024 Германија

Група 1

Португалија
Македонија
Турција
Луксембург

Група 2

Норвешка
Србија
Словачка
Финска

Група 3

Исланд
Чешка
Израел
Естонија

Група 4

Австрија
Украина
Романија
Фарски Острови

Група 5

Хрватска
Холандија
Грција
Белгија

Група 6

Унгарија
Швајцарија
Литванија
Грузија

Група 7

Словенија
Црна Гора
Босна и Херцеговина
Косово

Група 8

Франција
Полска
Летонија
Италија