Македонија сѐ уште на врвот по број на починати од коронавирусот

Светската здравствена организација упати јасна порака за сите земји – Тестирајте ги сите за кои се сомневате!

„Ако резултатот е позитивен, тие треба да се изолираат и да се дознае со кои лица биле во контакт два дена пред да им се развијат симптомите. Потоа тестирајте ги и тие луѓе“, рече директорот на СЗО Тедрос Гебрејесус, кон средината на март.

Оваа мерка на Балканот најдобро ја спроведува Словенија.

Статистиката покажува дека, на 1 милион жители, Словенија досега направила 15.896 тестови, Црна Гора 3.708, Турција 3.643, Хрватска 3.559, Грција 3.409, Македонија 3.154, Бугарија 2.663, БиХ 2.106, Србија 1.630, Албанија 1.176.

Другите параметри на состојбата со пандемијата од коронавирус, покажува дека досега, мртви на 1 милион жители во Словенија има 22, во Македонија 16, Турција 12, БиХ 11, Грција 9, Албанија 8, Србија 8,, Хрватска 5, Бугарија 4, Црна Гора 3.

Во однос за заразени лица од коронавирусот, статистички на 1 милион жители, во Словенија има 558, во Турција 558, Црна Гора 417, Хрватска 364, Србија 355, Македонија 341, БиХ 275, Грција 193, Албанија 145, Бугарија 93.