Македонија се наоѓа на врвот по степенот на корупција во Европа

Целиот систем во една држава, целото општество, секој сегмент, зависи од нивото на корумпираност, пред сѐ кај оние кои се „избрани“ да ја водат државата – властите. За човек да дознае каква е една држава, нејзината економија, екологија, образовен систем, здравство, приватен сектор, култура и тн., доволно е да провери колкав степен на корупција има во таа држава. Човек не сака да оди ниту на одмор во држава која има висок степен на корупција бидејќи не се осеќа сигурен, а да не зборуваме да размислува да направи нешто повеќе во такво корумпирано општество.

Најсиромашните и најлошите држави во светот се оние држави во кои царува корупцијата, тоа е факт, тоа се бројки. Кај секоја држава и кај секој народ постои корупција, но нивото на корупцијата зависи од правниот систем во државата. Најбогатите и најпосакуваните држави за живот се оние држави кои имаат исклучително добар правен систем кој корупцијата ја сведува на минимум. Тоа се оние држави кон кои ние тежнееме – членките на Европската Унија. И кога велиме европски вредности мислиме на ефикасен правен систем. Заклучокот е дека во една држава сѐ зависи од правниот систем, секоја пора од општеството е директно поврзана со ефикасноста на правниот систем.

Македонија се наоѓа на врвот по степенот на корупција во Европа. Корупцијата која е присутна во власта влијае врз целокупното живеење во државата, секој еден граѓанин директно е засегнат од од недостатокот од она кое треба да ја отстрани корупцијата – правото и правниот систем. Ние немаме правен систем кој ќе го расветли и санкционира криминалот кој доаѓа од власта, секојдневно на виделина излегуваат бројни афери кои моменталниот судски систем под притисокот на Владата се обидува да ги затскрие. Македонските власти зборуваат за европски вредности но со африкански манири. Додека Заев по трибини раскажува како го гушкале низ Европа на присутните во салите не им објаснува зошто случаите „Рекет 1“ и „Рекет 2“ се заглавени и ништо не е расветлено, не им објаснува на присутните дека животниот стандард им е најнизок во Европа бидејќи правниот систем не ја санкционира власта која краде токму од присутните во салата, пишува подпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во колумна за независен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.