Македонија се соочува со демографска катастрофа

97

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев одржа прес- конференција за демографските движења, според податоците изнесени од Државниот заводот за статистика и она се што е поврзано со наталитетот и природниот прираст.

„Македонија се соочува со невидена досега демографска катастрофа. Пробиени се сите негативни рекорди. Никогаш до сега не се раѓале помалку деца од Македонија никогаш повеќе не се иселувале луѓе. Македонија за жал со овој заевизам и со оваа влада на Заев станува празна и пуста земја. Тоа е жално“, рече тој.

Додаде дека според статистиката, во третиот квартал од 2019 година падот на новородени деца споредено со истиот период 2018 година е 7,4 проценти. Демографската рецесија само во третиот квартал е – 7,4 проценти. Во истиот период во 2018 година биле родени 5 804 деца, а во 2019 година во истиот период, 5 374 деца.

„Ако ги погледнеме првите три квартали од 2016 и 2019 година, и периодот од јануари до септември во 2019 година доаѓаме до податокот дека падот на новородени деца во Македонија е фрапантни 16%, односно 2800 деца помалку родени. Тоа е буквално национална катастрофа, тоа е катастрофа за државата, за образовниот систем, за економијата, за општините, едноставно, за државата. Бројките се повеќе од лоши, се затвораат училишта, стануваме за жал општество на старци“, рече Ѓорчев.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.