Македонија со хибриден криминален режим

Кога во 2021 година, на големиот христијански празник Петровден, ми се отпечати книгата „МАКЕДОНИЈА СО ХИБРИДЕН КРИМИНАЛЕН РЕЖИМ“, каде што се поместени мои трудови, колумни, анализи, пишувани во 2020/2021 година (до мај 2021), сите тие мои пишувања се и ден денес актуелни. Затоа сакам да ги потсетам моите читатели, што пишував 2020/2021 година, во мојата книга:

Во книгата во моите пишувања се поместени она што го покажува практиката. Перцепцијата за криминалот и корупцијата која е во секоја пора од делувањето и работењето на оваа влада. Поставените извршни институции од владата се нефункционални. Партизирани институции. Царува криминалот и корупцијата од сите институции и тоа од здравствените тендери до некакви провизии во ова време невреме, од доживувањето на пандемијата и големиот број на жртви… Образовен криминал и познатите соучесници во образованието во сите степени и оние од т.н. Концепти за базичното образование и „Царовското“ арогантно туркање на дигиталните учебници и она што е важно и остава простор на надлежните органи за криминал и корупција за тоа како ќе се трошат парите кои ќе се поделат или се доделени од Светска банка?! Секојдневни скандали од рекети не еден туку повеќе, наркомафијаштво, злоупотреба на тендери во институциите. Скандалите во МВР, со издавање на пасоши, лични карти, изводи на родени на криминалци на балканот и пошироко. Меѓународниот скандал во високото образование и молкот на Агенцијата за квалитет на високото образование и нивните Одбори за акредитација и евалуација. Потфрлање и селективно правосудство поставување сомнителни и партиски луѓе во организирани криминали и слично. Со еден збор хибриден криминален режим, за жал, тоа се случува во моја Македонија.

Само за неколку дена по објавувањето на книгата „МАКЕДОНИЈА СО ХИБРИДЕН  КРИМИНАЛЕН РЕЖИМ“, моите пишувања, анализи ги потврди и Меѓународниот републички институт (ИРИ) кој истакнува дека: „дури 76 проценти од граѓаните немаат доверба во судството“, а според, како што изјавува Билјана Ивановска, претседател на ДКСК: „…според резултатите од истражувањето на Балканскиот Барометар за 2021 година спроведен од Регионалниот совет за соработка е утврдено дека 81,1 проценти од граѓаните сметаат дека судството е најкорумпирано…“.

Трагикомичниот претседател на скопскиот Кривичен суд Иван Џолев, смета дека: „…вината за корупцијата не треба да се бара само кај функционерите, туку и кај граѓаните. Џолев јавно откри дека и нему му нуделе мито…“. Ако е така, Иване, проговори јавно кои се тие личности, во спротивно си соучесник во криминалот и корупцијата. Во нормална и правна држава веднаш треба да си поднесиш оставка. И да се најдеш таму каде што ти е местото.

Веднаш после Иван се јавува министерот за правда Маричиќ, кој го „прочисти судството“, а тој сам се прочистил со „ЛИНЕКС“ и ја убедува правната фела дека: „Владата активно работи да се спречат сите обиди за изигрување на правдата“. Не му забележувајте, детево е во некој невладин сон. Трагикомично.

После ова се јавува Вицепремиерот за корупција и криминал Љупчо Николовски, објавува дека: „…собрал документација за можен криминал во Боречката и Скијачката федерација на Македонија и ја доставил до ЈО“. Ова е отворен притисок кон спортските федерации на Македонија да ги променат своите имиња. После „путерот ова е големо откритие“???.

За ваквите, таргикомичности, со право, се чудеа и се чудат, како што укажуваа и укажуваат поранешниот француски амбасадор Кристијан Тимоние, како и сегашниот холански амбасадор во Македонија Дирк Јан Коп за коруптивноста и криминалот во високите ешалони на извршната, законодавната и судската власт.

Почитувани читатели, за мене Вие сте најголемите критичари и вашата оценка е најмеродавна, а не оние што владеат и само декларативно се залагаат за правата на граѓаните и правната сигурност во Македонија.

Тие, реално се загрижени само за своите интереси, тендери, рекети, марихуани, криминал, корупција и непотизам. Нив не ги интересира Македонија и интересот на народот во Македонија.

Заедно во борба против криминалот и корупцијата!!!

Според горенаведеното мое пишување, очекував да се подобрат состојбите во Македонија за 2022 година. Со промена на Заев и со доаѓањето на Ковачевски (Таче), штафетата ја продолжува новиот нелигитимен Ковачевски и Македонија продолжува по патот како хибриден и криминален режим. Според истражувањето на угледниот „Економист“, за индексот на демократија во светот, а според соопштувањето на премиерот Ковачевски: „Македонија повеќе не е рангирана како хибриден режим и влезе во зоната функционални демократии, како демократија со недостатоци“. (Ковачевски: Северна Македонија не е повеќе хибриден режим, продолжуваме со унапредување на слободата и демократијата | Влада на Република Северна Македонија (vlada.mk).

Господине Ковачевски, само за неколку седмици (април 2022) според американската невладината организација Фридом хаус, Македонија останува во категоријата хибриден режим, ова институција секоја година прави извештај за демократскиот напредок на 29 земји од Централна и Источна Европа. Само шест (6) земји се сметаат за консолидирани демократии, додека 11 се во сивата зона, заедно со Македонија. На скалата од 1 до 7, годинава имаме средна оценка од 3,82. Со ранг листата на која единица е најниското ниво на демократски прогрес, а седумката е највисокото. Македонија има срeдна оценка од 3,82 и останува во категоријата хибридни режими.

Од извештајот на невладината организација „Фридом хаус“ за 2021 година, нашата земја има највисоки оценки од 5,25 за граѓанско општество, 4,25 за изборен процес, 3,5 за демократско владеење, 3,25 за независно судство и независни медиуми, а најниска 3,00 оценка доби за корупција. Генерална оцена 3,82 или 47 проценти.

Од регионот, најдобро е оценета Хрватска, а по неа следуваат Црна Гора, Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, па Косово.

Во ова прилика сакам да ве потсетам Ковачевски, како и Владата (СДСМ-ДУИ) која ја предводите (овие 100 дена) дека состојбите во економијата, социјалата, здравството  образованието, енергетиката, надворешната политика… е катастрофална, а корупцијата е на највисоко ниво во јавниот сектор. Тоа се факти Ковачевски! Можете да се фалите во Владата колку што сакате, дека многу сте направиле. Да, сте направиле корупција и криминал (генсек на Влада, Теута Арифи…) за личните интереси ваши, ама не и за граѓаните. Отворено се краде од граѓаните (штрајкови), кои живеат и опстојуваат на работ на егзистенцијата. Да, тоа го покажува Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) на Транспарент интернешенел Македонија. Според Перцепцијата на ИКП позицијата на Македонија  е следна:

година                              позиција                  поени

  • 2021                               87                           39
  • 2020                               111                         35
  • 2019                               106                         35
  • 2018                               93                           37
  • 2017                               107                         35
  • 2016                               90                           37
  • 2015                               66                           42

Овие се оценки и рангирања за Македонија од 180 држави и територии од целиот свет во однос на перцепцијата на корупцијата во јавниот сектор (види: transparency.mk)

Ковачевски (СДСМ-ДУИ) ова се факти! А, пред фактите и боговите молчат. Македонија продолжува да биде со хибриден и криминален режим. Така ли е или не!!!

Затоа, ајде на предвремени парламентарни извори!!!

За моја Македонија!

Видeте:
Каде исчезна гласот на демократијата за политичка одговорност?

Казна за изнесено мислење

Загриженост на професори од состојбите на Универзитетот во Тетово

Николовски проговори за криминалот Арафат Муареми

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес