Македонија со најлош пласман на европските првенства

Mакедонската машка ракометна репрезентација кој во Дебрецин на ЕП претрпе три порази во дуелите со Словенија, Црна Гора и Данска.

Допрва треба да се направат детални анализи и да се поправат доста работи се оглед на тоа што брзо ќе дојде месец март кога се закажани првите бараж пресметки за Светското првенство.

Во меѓувреме можеме официјално да потврдиме дека Македонија го забележа најлошиот пласман во својата историја кога се во прашање европските шампионати.

Ние првенството во Унгарија и Словачка го завршуваме на 22. место, односно послаби од нас се само Босна и Херцеговина и Украина.

13. Чешка
14. Србија
15. Унгарија
—————–
16. Словенија
17. Белорусија
18. Словачка
19. Португалија
20. Австрија
21. Литванија
22. Македонија
23. Босна и Херцеговина
24. Украина

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.