Македонија според мапата на вакцинација на Светскиот економски форум е црна дупка во Европа

Македонија е „обоена во црно“ на мапата за вакцинација на Светскиот економски форум.

Преку визуелизации кои ги објави релевантната меѓународна институција, е прикажано како изгледа прогресот на државите со вакцинацијата против коронавирусот, а таму Македонија е црната дупка во Европа.

На визуелизацијата е прикажан бројот на дози на 100 лица, при што во земјите со потемна сина нијанса популацијата добива барем една доза на вакцините, додека другата визуелизација дава поцелосна слика за напредокот постигнат досега, заради податоците за процентот на луѓе кои ги примиле сите пропишани дози согласно протоколот за вакцинација, па тие држави се обележани со потемно зелена нијанса.

Нашата држава, за жал, е црна!

Подетално погледнете тука.