Македонија спречи влез на 21 тон свинско месо заразено со вирусот африканска свинска чума

67

Во Македонија е спречен влез на околу 21 тон свинско месо заразено со вирусот африканска свинска чума. Се работи за пратка по потекло од Шпанија која била дистрибуирана преку Бугарија и била откриена на граничниот премин Деве Баир.

Агенцијата за храна и ветеринарство веднаш реагирала и пратката е ставена под контрола и истатата не е пуштена во промет. За ова е известена и Светската здравствена организација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.