Македонија стаса до 1.999 потврдени случаи на коронaвирусот, вчера без смртен исход

Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на зараза со новиот коронавирус, и тоа во: Скопје-12, Куманово-3, Штип-1, Тетово-5, додека нема регистрирано смртен исход како резултат на заболувањето Covid-19., соопшти во понеделникот Министерството за здравство.

Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и Берово-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 1.999, бројката на оздравени пациенти е 1.439, на починати е 113. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447, од кои стотина се хопситализирани со потешка клиничка слика треисетина пациенти.

Последната дистрибуција по градови е: Скопје – 725, активни 204, Куманово – 436, активни 35, Дебар – 51, активни 0, Штип-41, активни 6, Прилеп –210, активни 46,  Тетово – 177, активни 82, Струга – 75, активни 8, Велес – 127, активни 41, Битола –28, активни 7, Охрид –23, активни 8.

Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –21, активни 3, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 3, активни 1, Крива Паланка- 6, активни 0, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 0, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) , Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 0, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 0, Виница – 3, активни 1, Кратово-2, активни 1, Берово-1, активни 0, Свети Николе-1, активни 1.

Направените 258 теста се преку: ИЈЗ –193, Ветеринарен факултет -0, Авицена –0, Биотек -57, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода -1 и МАНУ -7. Досега во земјата се направени вкупно 25.528 тестирања на коронавирусот.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 13 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 3 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 54 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 3 пациенти.

Во Градската општа боница „8-ми Септември“ во Скопје примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 21 пациент. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 7 пациенти, на домашно лекување се следи 1 пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 41 пациент- позитивни и сомнителни на ковид-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.