Македонија светски шампион по просекот на позитивни тестови во седум дена

Според веб страницата ourworldindata.org, Македонија е неславен светски лидер според процентот на новозаразени од коронавирус во однос на направените тестови во период од седум дена!

Над една третина или 35,7 отсто од извршените тестирања во Македонија во периодот меѓу 3 и 9 ноември биле позитивни.

Веднаш зад Македонија е Полска со 33,6 проценти, трета е Чешка со 32,7 отсто, четврта Словенија со 32,2 отсто, петта Бугарија со 30,3 отсто, шеста Романија со 30 отсто итн.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.