Македонија У-21 ги дозна противниците за квалификацискиот циклус за ЕП 2025

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година за противници во Ц-групата ќе ги има селекциите на Холандија, Шведска, Грузија, Молдавија и Гибралтар во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство што ќе се одржи во Словачка 2025 година.

На денешното извлекување во Нион, Швајцарија, беа одредени групите за 52 репрезентациите кои ќе бидат дел од квалификацискиот циклус за фудбалери до 21 година.

Квалификациите за пласман на ЕП започнуваат во март 2023 година и ќе траат до ноември 2024.

Репрезентацијата на Словачка како домаќин на финалниот турнир е директен учесник на ЕП 2025 година.`