Македонија (У-21) загуби од Шпанија

18

Младинската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Шпанија со 3:0 (1:0) во дуел од 4.коло од квалификациите за пласман на ЕП 2021, кое ќе се одржи во Словенија и Унгарија.

Избраниците на Благоја Милевски заостануваа во резултатот по само 7 минути игра откако Ману Гарсија ги изведе домаќините во предност. Серафимов си постигна автогол на почетокот на второто полувреме, а конечните 3:0 ги постави Педроса на три минути пред истекот на регуларните 90 минути.

Шпанија по денешниот триумф е лидер со 12 бода, втор е Израел со седум, исто колку што имаат и Македонија и Казахстан.

Нашите репрезентативци во вторник, на 19 ноември, ја очекува уште еден гостински натпревар против Фарските острови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.