Македонија убедливо водечка во соседството по бројот заразени и починати од коронавирусот

Најновите податоци за епидемиолошката состојба покажуваат дека ситуацијата во Република Македонија е повеќе од загрижувачка. Имено споредбено со земјите од соседство може да се забалежи дека Македонија руши рекорди но само кога станува збор за ново заболени и починати од коронавирус.

Според податоците објавени на страницата worldometers.info покажуваат дека Македонија е на водечката позиција по бројот на заболени и починати граѓани од корона вирус споредбено со Република Србија, Бугарија, Грција и Албанија на милион жители.

Имено, Македонија е прва земја со најмногу заразени на милион жители односно 22.865, веднаш по неа е Бугарија со 14.181 заболен на милион жители. Трета земја по најголем број на заболени е Србија со 10.016, четврта земја е Албанија со 9.884 заболени на милион жители, а последна земја по број ма заболени граѓани на милион жители е јужниот сосед Грција со 7.334.

Република Македонија убедливо води и на втората црна статистика за бројот на починати на милион жители, односно досега се починати 646 луѓе на милион жители, веднаш по тоа е Република Бугарија со 307, Албанија со 219 починати на милион жител, додека во Србија се починати 118, а Грција има најмалку починати на милион жители односно 112 луѓе.

Повеќе од јасно е дека бројот на заболени и починати во Македонија е драстично најголем споредбено со соседните земји, што само уште еднаш го потврдува лошото менаџирање и справување на власта и надлежните со корона вирусот.