Македонија утре во жолта фаза, препорака да носите топла облека и да пиете топли напитоци

На целото население се препорачува да се посвети внимание на заштита на здравјето, особено носење топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз и почеста консумација топли напитоци, препорачува Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови по најавата од Управата за хидрометеоролошки работи дека утре целата територија на државата ќе биде зафатена со пониски температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза, информира Министерството за здравство.

– Треба да се избегнув консумирање алкохол, бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија, како и редовно земање на пропишаната терапија кај хронично болните, а во случај на потешкотии со дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар. Воедно, се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини – велат од Министерството за здравство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.