Македонија вечерва ја пречекува Грузија

Македонија и Грузија вечерва на арената „Тодор Проески“ го играат мечот ог Групата 2, средба од Ц-Лигата на нации.

Ова е средба од 4. коло, и двете селекции немаат пораз, Македонија има една победа и две нерешени, Грузија влегува со ист скор но послаба гол разлика, македонскиот национален тим со 6-5, гостите со 4-3.

Игор Ангеловски не може да смета на речиси половина тим, Елмас од претходно поради позитивен тест на Ковид-19, Барди поради жолти каротни, Адеми, Спировски, Бејтулаи се повредени.

Слична ситуација и во Грузија, селекторот Владимир Вајс ги нема стандардните Кахкава, Кашиа, Чаквелатдѕе,Абурџанија и Кохолава…

Сепак и двајцата селектори сметаат дека е ова важен натпревар, ова е борба за првото место во групата.

-Без разлика што не го остваривме планираното во Естонија, но не да заборавиме дека нашата главна цел ја стигнавме, Македонија е на чекор на ЕП. Имаме натпревар со противник со кој ќе се сретнеме во финалето, без разлика на сите отсуства, сите кои ќе истрчаат на теренот, должни се да го дадат максимумот. Прв пат играме во седум дена три натпревари, првиот натпревар беше многу важен од секако аспект. Ако селекции од Италија, Шпанија ротираат, што останува за селекции како што сме ние. Селекторот на Грузија исто има проблеми со повреди и отсуства, но на нас селекторите е да го искористиме тоа што го имаме. Не верувам дека и тие не сакаат да бидат на првото место во групата. Не очекувам противникот да калкулира со составот,  изјави Ангеловски.

За селекторот на Грузија, Владимир Вајс, ова е натпревар кој ќе решава з апрвата позиција во групата.

-Средбата е важна, кој ќе победи ќе биде прв, кој ќе загуби ќе биде втор. Ние ќе играме без неколку стандардни играчи, ние ќе се обидеме со најдобрите единаесет да дојдеме до добар резултат, ке зависи нашата игра и од формацијата на Македонија, но ние ќе играме офанзивно,  изјави Вајс.

Средбата меѓу Македонија и Грузија започнува од 20-45 часот, УЕФА делегираше судија од Полска, Бартош Франковски ќе ја дели правдата на арената „Тодор Проески“.

Извор: Дриблинг

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.