Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната од 34 до 41 степен. УВ=9.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност. Минималната температура ќе биде 22, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. На места вдолж Повардарието температурата ќе го надминува 40-тиот степен.
Во понеделник ќе дува засилен ветер од западен, а попладне од северен правец кој ќе предизвика благо опаѓање на температурите во северните делови, а во јужните ќе се задржат високите температурите.