Македонија водечка во регионот последната седмица според бројот заразени и починати од коронавирусот

Нов пик на новозаразени од коронавирус во Македонија. Регистирани се и најповеќе починати лица во еден ден, а во регионот последната недела сме на врвот со заразени лица од Ковид-19, ова го покажува анализата која ја направи ТВ21.

Откако на 16-ти април имавме пик со новозаразени од 107 случаи на тестирани 660, денеска регистираме нов со 89 заразени на 727 направени тестови.

Процентуално гледано денес 12,24% се позитивни од тестираните, а на 16-ти април 16,21.

Рапиден е растот во последните три денови на нови случаи со коронавирус. На 30-ти мај од 1100 направени тестови, 35 лица беа позитивни, следниот ден на последениот од месец мај, од направени 771 тестови, 62 лица беа позитивни, денеска пак од 727 тестови, 89 се позитивни, за втор пат најповеќе од првиот регистриран случај.

Повеќе прочитајте на ТВ21