Македонија водечка во регионот според бројот заразени од коронавирусот

Иако властите убедуваат дека одлично се справуваат со епидемијата од коронавирусот, податоците го говорат токму спротивното.

Иако одговорните лица во оваа земја прогнозираа бројка и пик од само 2.000 случаи, до денеска повеќе од седум илјади македонски граѓани се заразиле со вирусот кој во најлош случај е и со смртни последици.

Имено пред само еден месец според една анализа за справување на земјите со КОВИД-19 Македонија беше рангирана на 103-то место од 200 земји и региони во светот, и тоа рангирана во друштво со Доминиканската Република, Антигва и Барбуда, Гренада, Киргистан, Маурициус и Св. Луција.

На приказот може да се забележи дека земјите од соседството како Грција, Албанија, Хрватска, Србија и Бугарија, не се ни во близина на местото каде е рангирана Македонија во врска со состојбата со коронавирусот.

Во табеларниот приказ ова се земји коишто впрочем најлошо се справуваат со вирусот. Македонија доживува фијаско на табелите за справување со короновирусот. Инаку Македонија во овој момент е и рекорден во бројот на новозаразени и смртни случаи, додека државата секојдневно не мрднува со прст.

Јавноста е сведок и на големиот број на заболени здравствени работници кои обвинуваат дека немаат соодветна опрема составена од ракавици, маски и заштитни мантили.

Детектор анкета: Корона кризата влијае на економската состојба на граѓаните

Речиси една четвртина (25,8%) од граѓаните велат дека тие или некој од нивното семејство привремено или трајно останале без работа поради корона кризата, додека 67,8% од анкетираните велат дека го немале тој проблем, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 14,4% од анктираните одговориле дека поради кризата приходите во нивното семејство се намалиле, 47,4% немаат намалување на семејните приходи, додека 32,4% дека донекаде имаат намалување на приходите.

Сепак, анкетата не покажува значителен раст на задолжувањето. Само 4,7% од анкетираните граѓани велат дека во овој период аплицирале или планираат да аплицираат за кредит во банка, додека 80.7% велат дека не го сториле тоа.

Од мерките и понудите на банките за време на кризата задоволни се 53,3% од граѓаните, наспроти 24% кои не се.

Околу 60 отсто од граѓаните кажале дека дека цените на храната и лековите се зголемени, 28,4% дека останале исти, додека 4,9% сметаат дека имало поевтинување. Граѓаните се на ставот дека во продавниците ги има потребните производи – 86,1% од анкетираните велат дека кога пазаруваат успеваат да ги најдат сите производи во продавниците, додека 12,6% одговриле дека не можат секогаш се да купат. За 24,1% во продавниците најтешко се наоѓа брашно, за 21,3% средства за дезинфекција и чистење, додеа по 12,1% велат дека кога пазаруваат најчесто им недостасува тоалетна хартија и овошје и зеленчук.

Најголем дел од граѓаните или 38,1% велат дека пазаруваат неколку пати неделно, 28,3% во продавница одат еднаш во неделата, 20,7% во супермаркетите по храна и други основни потреби одат секој ден, 7,7% рекле дека пазаруваат неколку пати месечно, 2,8% само еднаш месечно, а 1,6% и поретко од еднаш во месецот. Купувањето главно се прави со директно одење во продавниците бидејќи 72,5% од анкетираните велат дека во овој период на коронавирусот не ја користеле можноста за онлајн купување, додека онлајн шопинг правеле 21,4%.

Повеќе од половина од анкетираните или 56,5% не очекуваат недостаток на храна и лекови поради коронавирусот, а 20,6% стравуваат дека тоа може да се случи.

Во однос на анкетата од март, може да се забележи намалување на бројот на граѓани кои очекуваат недостаток на храна и лекови поради корона кризата и тоа од 32,6% во март на 20,6% во април и раст на бројот на граѓани кои не очекуваат недостаток на храна и лекови од 50,4% во март на 56,5% во април.

Од анкетиранире, 58,5% кажале дека се информирани оти поради корона вирусот, во Македонија има пристигнато помош или донација од странство, додека 41,5% велат дека немаат такви информации. Анкетата покажува дека 18,6% од граѓаните најголема помош очекуваат од Европската Унија, по 3,7% од НАТО и Турција, 2,7% од Словенија, 2,2% од Кина и по 2% од САД и Русија, а 31,2% помош не очекуваат од никого.

Граѓаните сметаат дека на Македонија во моментов најмногу и треба финансиска помош. Ваков став имаат 39,7% од анкетираните, 24,8% сметаат дека најнеопходна во моментов е медицинската помош, 14,3% помош во стручен медицински персонал, 10,6% во лекови и 2,6% во храна.

Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот од 21 до 24 април со маргина на грешка од плус-минс 3%.