„Македонија-Блокира“ протестира во 40 општини

385

„Македонија-Блокира“ денеска протестира и во внатрешноста на земјата, против уставните измени.

Од 13 до 15 часот ќе протестираат во 40 општини низ Македонија, а информираат дека блокадите уредно ги најавиле во МВР.

-„Македонија- Блокира“ го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални и патриотски сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише сѐ што е македонско. Го повикуваме Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски да се вразумат и да нѐ провоцираат како во случајот со блокадата на патот Охрид – Струга и Кичево Охрид кога полицијата ја спречи блокадата оти работите лесно може да излезат од контрола, дотолку повеќе, блокадите од ‘Македонија-Блокира’ продолжуваат до финалната одлука – или марионетската власт ќе избрише сѐ што е македонско или Македонија ќе победи, велат организаторите.

Додаваат дека битката ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, без Зоран Заев како премиер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.