Македонија брка прва победа против Аргентина

106

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 18 години вечерва во 19.30 часот во Струмица ќе го игра вториот натпревар на Светското првенство. Избраничките на селекторот Аце Станковски ќе се обидат да ја забележат првата победа во дуелот со Аргентина.

Покрај овој дуел во рамките на Ц групата во Струмица ќе играат уште: Узбекистан- Романија и Германија – Данска.
Во Охрид се играат и дуелите од Д групата: Ангола – Црна Гора, Кина – Португалија и Хрватска – Франција.
Во групите А и Б денеска е слободен ден, но тие ги одиграа натпреварите од второто коло: Бразил – Кореја 29:36, Тунис – Шведска 11:34, Холандија – Казахстан 37:15 (А група), Унгарија – Норвешка 29:22, Парагвај – Русија 14:38 и Конго – Јапонија 27:36 (Б група).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.