Македонија доби поволна група за ракометното европско првенство

Македонската ракомента репрезентација во петокот доби релативно лесни противници во групата на Европското првенство во 2020 година, што ќе се одржува во Австрија, Норвешка и Шведска. И самите да ги биравме ривалите, тешко дека можеше да одбереме подобро од о

Македонија ждребот ја одреди во Групата Б, чии натпревари ќе се играат во Виена. Од најквалитетниот барабан македонската селекција ја доби најслабата репрезентација на Чешка, потоа домаќинот Австрија и Украина. Ова се добро познати ривали со кои Македонија играше  изминативе неколку години, а Чешка славеше на последното Европско првенство во Хрватска, па сега можеби е време за одмазда. Во ваква конкуренција реално е да се очекува и прво место во групата.

Групата А ќе биде исклучително интересна, бидејќи во Грац ќе се натпреваруваат три репрезентации од поранешните југословенски републики, Хрватска, Црна Гора и Србија, а тука е и Белорусија.

Во останатите групи:

ГРУПА Ц (Трондхајм): Шпанија, Германија, Летонија, Холандија

ГРУПА Д (Трондхајм): Франција, Норвешка, Португалија, БиХ.

ГРУПА Е (Малме): Данска, Унгарија, Исланд, Русија

ГРУПА Ф (Гетеборг): Шведска, Словенија, Швајцарија, Полска

Европското првенство стартува на 9 јануари идната година и за прв пат ќе учествуваат 24 репрезентации. Во главната фаза ќе се квалификуваат првите две репрезентации од групите и ќе ги формираат двете главни групи со по шест репрезентации. потоа најдобрите две селекции од двете групи ќе се пласираат во полуфиналето. Завршните натпревари ќе се играат во Стокхолм.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.