Македонија доби заем од 97 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа

Управниот одбор на Банката за равој на Советот на Европа и’ додели заем на Македонија во висина од 97 милиони евра, јавува допсиникот на МИА од Стразбур.

Заемот од 97 милиони евра, како што информиа амбасадорот на Македонија при постојаната мисија на Република Македонија во Советот на Европа Петар Поп Арсов, е доделен по барање на Владата на Македонија, а треба да послужи за продолжување на модернизацијата на здраствениот систем на земјата и подобар пристап до него.

Овие проекти ќе го прошират простапот до здраствените услуги и нивен поголем квалитет, со подобрување на условите за работа на околу 2.000 вработени во овие здрастевни установи.

Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) е мултилатерална банка за развој посебно на социјален плам. Таа беше создадена во 1956 година како одговор на проблемот со бегалците, таа потоа се прилагоди на еволуцијата на социјалните потреби на општествата и зајакнувањето на нивната социјална кохезија.

Заемите на ЦЕБ за проектите предложени од 41 земји членки се даваат по многу поволни услови и тие се следат во нивното извршување од страна на Банката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.